Кримскиот мост преку Керчкиот проток е со должина од 19,3 километри, и физички го спојува Крим со остатокот од Русија. Цената на проектот е околу 4 милијарди евра и ова ќе биде најдолгиот мост во Русија.
Работата на мостот доби на приоритет по засилувањето на украинската блокада на Крим и глобалните санкции против компаниите од полуостровот.
Историски, првите планови за изградба на мост меѓу Русија и Крим се од 1930-те, за време на индустријализацијата на СССР под Сталин. Во 1942 германската војска која го окупира Крим дури и започнува со изградбата ама прекинува по напредувањето на Црвената армија. Подоцна Советите ги напуштаат плановите за спроведување на проектот заради огромните трошоци.
По анектирањето, руските власти ги разгледуваат сите можности за поврзување со Крим, вклучувајќи и подводен тунел, ама на крај се решаваат за мост.
Изградбата на мостот му е доделена на Аркадиј Ротенберг, милијардерот кој инаку е џудо партнер на Путин од детството.
Како треба да изгледа мостот кога ќе биде готов:
До каде беа стигнати во јуни годинава:
Малку "мега-стракчрс":