Таг: мост

Мостот што заглави трговија од 81 милијарда долари

Пристаништето во Балтимор е 9-то по големина американско пристаниште за производи од странство, преку кое годишно минуваат околу 52 милиони тони роба. Од вчера пристапот во пристаништето е блокиран откако брод директно се заби и го сруши мостот кој минува по целиот пристап до заливот во кој што се наоѓа пристаништето.

Лондончани во одбрана на уличната уметност направена од мастики

Поради генералка на Милениумскиот мост, делата кои уличниот уметник Бен Вилсон ги има правено последниве десет години треба да бидат отстранети. Во негова одбрана илјадници граѓани потпишаа петиција со која бараат тие да бидат заштитени.

Во Кина или си употреблив или динамит

Речиси 250-метарски мост (10 метри широк), го снема за околу 10 секунди, откако беше решено дека е неупотреблив и покрај големиот број поправки / санации што му биле направени.

Перуанци поставиле на место 500 години стар мост уништен за време на пандемијата

Перуанци од регионот Куско повторно изградиле пет века стар висечки мост, користејќи традиционални техники на ткаење, за да можат да ја преминат опасната река Апуримак.

Оградите на мостовите не се за вие да бесите катанци на нив

Нема зошто мостот да страда што ти мислиш дека си се заљубил/а вечно. Имај предвид дека да беше мостот лабилен како твојата врска никогаш немаше ни да добие дозвола да биде изграден, па затоа малку почитувај што ти оставиле луѓе пред тебе.

Руски екстремни спортови

Возење камион (со две приколки) преку „мост“.

Мостот што ќе го спои Крим со Русија

Најавен речиси веднаш по експедитивното анектирање на Крим од Украина, работата на мостот се одвива со запазување на рокови на ниво на организација на Олимпијада. Следната година треба да почне патниот сообраќај преку мостот, а во 2019 и железничкиот.

Пешачење сред небо

Не е вест кога ќе се отвори 500 метри долг мост. Вест е кога ќе се отвори 500 метри долг висечки мост, на 85 метри над земја и кој може да се пројде само пешки. Моментално ова е најдолгиот пешачки мост на светот и се наоѓа во близина на швајцарски Цермат.

Трамп нема пари ни за парапетче кон Мексико

Доналд Трамп ветуваше дека ѕидот кон Мексико кој ќе ги спречи илегалните мигранти да влегуваат во САД ќе го гради не само брзо туку и од „постоечките средства кои стојат на располагање“. Сега открива дека на располагање му стојат само 20 милиони долари.

Мостови

Убав есеј на нобеловецот за, според него, практично и симболички најважниот градежен објект којшто го има измислено човештвото - мостот.

Споменици од букви

Правењето мост си е градежен занает и мака за себе. Правењето мост од фонт е типографски занает и благо лудило по себе. Зошто некој би го правел тоа? За да покаже дека му се може.

Сите српски мостови

Не може НАТО зликовци толку мостови да срушат колку што Србија може да ги изгради. Додуша, во Долно Власе не било ништо срушено ама тоа не му пречеше на еден локален политички неимар, со сечење лента и сите други предизборни салтанати да пушти во употреба грандиозно дело од цирка 7 метри.