Мостот К’ешвачака со векови е користен од заедниците поделени со реката Апуримак. Но во текот на актуелната пандемија тој некое време престанал да се користи и не бил обновуван, за во март целосно да пропадне во водата. До тогаш беше рекламиран како последниот рачно ткаен мост, кој некогаш вообичаен за системот на патишта на Инките.
Членовите на заедниците одлучиле повторно да го изградат 10-метарскиот мост во истиот традиционален стил. Жените сплеле мали, тенки јажиња кои потоа мажите ги вградиле во поголеми потпорни кабли, всушност слично како модерните мостови со челични јажиња.
Обновувањето е извршено сега, во јуни, бидејќи тоа е и традиционалниот датум кога тие се собирале на брегот на реката за да го реновираат мостот. На овој ден тие оддаваат почит на Пачамама, Мајката земја и одржуваат древни ритуали.
Во 2013 УНЕСКО ги регистрираше вештините и традициите поврзани со реконструкцијата на овој мост во категоријата културно наследство на човештвото.