Таг: УНЕСКО

Берлинската техно-сцена стана културно наследство на УНЕСКО

Агенцијата на Обединетите нации одлучи да го признае придонесот што техно сцената го има кон културниот идентитет на Берлин, и како таква ќе ја додаде на својот список на нематеријално културно наследство.

Оригами направени од жртва на атомската бомба во Хирошима конкурираат за регистарот на УНЕСКО

Семејството на Садако Сасаки, која починала од труење со радијација во 1955, сака нејзините хартиени жерави да бидат признени од УНЕСКО како историски значаен симбол на ужасите на нуклеарните оружја. 

Сливова ракија, багет и ѕвон на камбани конкурираат за статус на светско „живо наследство“

Оваа недела УНЕСКО заседава разгледувајќи 56 културни традиции кои можат да добијат статус на нематеријално наследство, односно културно богатство на светот.

Шпанците бараат муабет пред кооперација да влезе на листата на културно наследство на УНЕСКО

Гратчето Алгар има околу 1400 жители, кои по напорниот работен ден си седнуваат пред куќа или пред локалниот дуќан и се релаксираат низ заеднички разговор и дружба. Сега бараат оваа традиција да се заштити, како „спротивна на социјалните медиуми“.

ДР Конго и Конго бараат нивната румба да влезе на листата на УНЕСКО

Властите во Киншаса и Бразавил, главните градови на соседните Демократска Република Конго и Република Конго, поднеле заедничка иницијатива за додавање на конгоанската румба на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

УНЕСКО му го одзеде на Ливерпул статусот на светско културно наследство

Заканата стоеше уште од 2012, и еве, се оствари. Образложението е дека долгогодишниот градежен развој предизвикал „неповратен губиток“ на историската вредност на викторијанските пристаништа.

Перуанци поставиле на место 500 години стар мост уништен за време на пандемијата

Перуанци од регионот Куско повторно изградиле пет века стар висечки мост, користејќи традиционални техники на ткаење, за да можат да ја преминат опасната река Апуримак.

Регето влезе на листата на глобално културно наследство на УНЕСКО

Меѓународната организација го додаде овој музички жанр во својот список на „нематеријално културно наследство“ по кандидатура на Јамајка - лулката на регето.

Честито ден на книгата!

23. април во календарот на УНЕСКО е Меѓународен ден на книгата и авторското право. Иако тој момент кај нас се уште не е дојден, наскоро можеби ќе треба во насловот на манифестацијата да се појасни - а ден на која книга? Онаа старата, на хартија?