Како скромен придонес кон одбележувањето на датумот, предлагаме клипче од типот „Како се прави", во кое детално и со голема доза на носталгија е прикажан некогашниот процес на правење книги, од маката на оној кој треба да ја напише - на машина за куцање - преку слагањето на оловните букви, до вкоричувањето во корици кои не се распаѓаат после првото читање. Асли производ, кој трае повеќе генерации, и се вклопува во речиси секој ентериер. А не ко овие, електронскиве - како да ги редиш на регал, и да ти одат со троседот и фотељите?