Секоја година организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации, УНЕСКО, додава нови одредници на својот список на нематеријално културно наследство на човештвото. Тој во моментов брои над 300 културни традиции, меѓу кои голем број музички, како српското коло, грчкото ребетико, музиката на гајди од Ирска и кубанската румба. Од македонскиот музички фолклор на списокот се наоѓаат „гласоечко“ (машко двогласно пеење од Долни Полог) и орото „Копачка“.
Во соопштение на својот сајт, УНЕСКО ја објаснува својата одлука: “Регето е глобално културно наследство заради неговиот придонес кон меѓународниот дискурс поврзан со неправдата, отпорот, љубовта и хуманоста. Неговите елементи се истовремено ментални, социо-политички, сензуални и духовни“. На сајтот е објавен е и краток документарец (7 минути) за историјата на овој жанр:
Пред гласањето, министерката за култура на Јамајка, Оливија Гранџ, изјави дека земјата го поттикнала додавањето на регето на престижната листа, како „уникатно јамајканска“ музичка традиција, која ги има допрено срцата на луѓето низ целиот свет.