Ок, фино е да знаеме дека „во оваа куќа се родил тој и тој, таа и таа година“. Ама натписите кои го означуваат културното наследство не мора да се толку формални, полни забрани и исклучиво со историски податоци.
Гратчето Алгар има околу 1400 жители, кои по напорниот работен ден си седнуваат пред куќа или пред локалниот дуќан и се релаксираат низ заеднички разговор и дружба. Сега бараат оваа традиција да се заштити, како „спротивна на социјалните медиуми“.
Заканата стоеше уште од 2012, и еве, се оствари. Образложението е дека долгогодишниот градежен развој предизвикал „неповратен губиток“ на историската вредност на викторијанските пристаништа.
Меѓународната организација го додаде овој музички жанр во својот список на „нематеријално културно наследство“ по кандидатура на Јамајка - лулката на регето.