Берлинската техно-сцена стана културно наследство на УНЕСКО

Агенцијата на Обединетите нации одлучи да го признае придонесот што техно сцената го има кон културниот идентитет на Берлин, и како таква ќе ја додаде на својот список на нематеријално културно наследство.

Се работи за заедничка одлука на министерството за култура и на УНЕСКО, а од берлинската Клупска комисија потегот го сметаат за „уште едно постигнување на берлинските техно продуценти, уметници, сопственици на клубови и организатори на настани.“

Повеќе од една деценија организацијата за поддршка на електронската музика, Рејв д планет, ја тера кампањата за техно културата и музиката да бидат додадени на германската листа.

Германците беа охрабрени да притиснат за додавање на техно музиката на списокот на нематеријално културно наследство откако овој статус го доби јамајканската реге музика и Кумб мела фестивалот во Индија.

Техното е едно од шесте дополнувања на германската листа на нематеријални културни наследства, меѓу другите се: овошно вино, планинарење и парада во Баварија под името Kirchseeoner Perchtenlauf, на која учесниците се облекуваат како крзнени чудовишта.

18 март 2024 - 11:41