„Ќе ги користам постоечките фондови и ресурси“, ветуваше Доналд Трамп за да ја увери својата база дека таков ѕид нема да ги чини ѓавол и пол.
Департментот за национална безбедност досега идентификувал само 20 милиони долари кои би можеле да се пренаменат за таа цел.
Нивниот документ кој им е поделен на конгресните тела кои се занимаваат со буџетски прашања наведува дека постоечките средства би биле доволни за изработка на прототипи на еден таков проект но не и за самиот проект.
Што значи дека ако сака ѕид, Трамп ќе мора да го убеди Конгресот да одвои пари за тоа. А дури и Републикански конгресмени се изјаснија дека би гласале против еден таков предлог.
За да ја доловат бесмисленоста на проектот, група мексикански архитекти направија компјутерски модел според кој мостот во должина од преку 3.200 километри би можел да се изгради за 16 години и би чинел 25 милијарди долари.