Иранската пропаганда учи од Холивуд

Класичниот стереотип за идеолошката индоктринација на исламската република кој асоцира на слики на задоени млади луѓе кои со крв во очите извикуваат „Смрт на Америка!“ одамна не важи. За да се држат младите во патриотска работна температура, Иран снима модерни музички спотови од по 250.000 долари.

Како што забележува Њујорк Тајмс, последниве неколку години иранската про-владина пропаганда почнува да го користи форматот на американските рап спотови за глорификација на домашната армија и патриотизам.

Се користат домашни музичари со „гангста“ репутација и обилно се користат компјутерски генерирани сцени, што резултира со скапи спотови привлечни за младата публика.

Уште едно видео (со наслов „Ќе пружиме отпор“) од лани кое чинело 250.000 долари и во кое откако Американците бомбардираат невини цивили, батаљон млади дечки со знамиња прават цунами кој ја потопува американската петта флота.

Во третиот пример, про-иранските борци во Сирија се затепуваат со ИСИС и нивното озглогласено црно знаме а во спотот е Хамид Замани, човекот кој ја создаде тамошната анти-империјалистичка химна “USA.”

Ако некој од американска перспектива се згади од ваквата милитантност на Иранците, тогаш е слеп за онаа во сопствената земја. Американскиот воен комплекс, заедно со своите маркетинг партнери и холивудски филмаџии сето тоа го прават уште поодамна и уште поскапо од Иран.

Класичен пример се НФЛ спектаклите кога надлетуваат воени авиони а униформирани лица маршираат носејќи го американското знаме.

Американската воена индустрија има инјектирано десетици милиони долари за патриотски слогани на спортски натпревари а познати се нивните врски со индустријата на видео игри и со филмскиот бизнис.

28 август 2017 - 12:51