Ваквите бројки кои им се поредовно достапни на глобалните поморски тела доведоа до најави за воведување на нови стандарди за ограничување на загадувањето. Меѓународната поморска организација на ОН се согласи за воведување на ограничувањето од сулфур од 2020. Во февруари годинава Европскиот парламент изгласа од 2021 година морскиот товарен превоз да биде вклучен во ЕУ правилата за ограничување на загадувањето.
Сето тоа што е добро за Земјата, е крајно неповолно за бродската индустрија која сега ќе биде присилена да ги адаптира своите бродови на новите стандарди или да ја изгуби работата. Според организацијата ЦВР (Carbon War Room) ќе бидат потребни десетици милијарди долари за плаќање на надградбите за постигнување на новите правила.
И пред новите стандарди бродската индустрија се соочува со проблеми од типот на задолженост и отплата на кредити, намалени цени заради намалената трговија предизвикана глобалната финансиска криза и претерано голем број на товарни бродови.
И овие за превоз на луѓе не се ништо подобри: