Кенија го донесе најдраконскиот закон на светот за забрана на користење, производство и увоз на пластични ќеси. И покрај негодувањата на производителите, државата исклучок направи само за оние кои се неопходни за индустријата.
Минималната казна е 19.000 долари а максималната 38.000 долари или една година затвор.
На Африка ѝ е се појасно дека се гуши во пластичен отпад па слични мерки веќе имаат донесено десетина земји од континентот. Само маркетите во Кенија годишно пуштаат во оптек околу 100 милиони ќеси кои подоцна завршуваат на улиците и дивите депонии во Најроби и другите градови.
Годишно во океаните завршуваат 8 милиони метрички тони пластика. Доклку ваквиот тренд продолжи со сегашното темпо, до 2050 година во нив тежински ќе има повеќе пластика отколку риба.