Лани во април, Рикстагот (шведското Собрание) гласаше за укинување на законот донесен уште во 70-тите години по кој кафулињата и баровите мораа да имаат извадено посебна лиценца ако сакаа во нив луѓето непречено да играат на музика.
17 месеци подоцна, шведските полицајци уште знаат да направат рација во место во кое се игра „нелиценцирано“.
Бизарниот закон кој воведе „дозволи за играње“ бил донесен како алатка на органите на редот да спречуваат нарушувања на јавниот ред и мир кој знаел да доведе и до поголеми протестни збиранки.
Казната било отстранување на разиграните кршители на законот, парични казни за сопствениците а во некои случаи и затвор.
Цеховската организација на шведските угостители се жали дека полицајците и денес знаат да упаднат во некое место и да ги вознемират гостите ако добиле информација дека во нив луѓето се заиграле. Причина е што и покрај гласањето во парламентот, заради одолговлекување на владата која не ги донела потребните подзаконски акти, законот фактички сè уште нема стапено на сила.
„Цел свет ни се смее. Има полицијата поважни работи отколку сè уште да постапува по тој анахрон закон,“ велат претставници на кафанџиите, објаснувајќи дека туристите не треба да се плашат бидејќи против нив не се покренуваат постапки. Kолку и лошо да играат.