Драг господине Претседател,
Честитки за неверојатниот успех. Милиони ги положија своите надежи во тебе, и сите ние, без разлика од која партија, се надеваме на зголемен просперитет и безбедност за време на твојата служба.
Ова е уникатна позиција, без јасен нацрт за успех, па не верувам дека каков било совет од мене ќе биде посебно корисен. Сепак, дозволи ми да ти понудам неколку размислувања од изминативе 8 години.
Прво, и двајцата сме благословени, на различни начини, со огромна среќа. Нема секој толкава среќа. Ние сме должни да направиме сè што можеме за да изградиме повеќе скали кон успех за секое дете и семејство што е желно напорно да работи.
Второ, американското лидерство во овој свет е навистина незаменливо. На нас е, преку акции и примери, да го одржиме меѓународниот поредок, кој полека се проширува од крајот на Студената војна, и од кој зависат нашето богатство и безбедност.
Трето, ние сме само привремени сопственици на оваа канцеларија. Тоа нè прави чувари на сите оние демократски институции и традиции - како владеење на правото, поделба на власта, еднаква заштита и граѓански слободи - за кои нашите претходници се бореле и крвареле. Без разлика на дневната политика, од нас зависи да ги оставиме овие инструменти на демократијата барем онолку силни колку што сме ги нашле.
И на крај, одвои време, во напливот од настани и одговорности, за пријателите и семејството. Тие ќе ти помогнат да ги пребродиш неизбежно тешките моменти.
Мишел и јас ви посакуваме на тебе и на Меланија сè најдобро додека се подготвувате да влезете во оваа голема авантура, и знам дека сме спремни да помогнеме на секој начин на кој можеме.
Среќно и со Господ напред,
БО