Таг: бела куќа

Белата куќа како уредник на Фејсбук

Советници од Белата куќа извршиле директен притисок врз Фејсбук да цензурира содржини кои не им биле по мерак, покажуваат документи објавени од американскиот Конгрес.

Белата куќа би сакала да нема интерес за извештајот за повлекувањето од Авганистан

Американската влада го објави извештајот за несреќното повлекување на САД од Авганистан, во петокот пред продолжениот викенд за 4-ти јули, со крајно либерално користење на правото за цензурирање.

Уште од сега се откажаа од наоѓање на сопственикот на кокаинот од Белата куќа

Откако и лабораторијата ги потврди првичните тврдења дека белиот прашок најден во Белата куќа е кокаин, сега функционери кои работат таму објаснуваат дека никогаш нема да се дознае чија била дрогата.

Некој се освежувал во Белата куќа

Американската Тајна служба инстантно интервенира откако нејзини луѓе наоѓаат непознат бел прашок во Белата куќа. Првите тестови на супстанцата целосно и олеснуваат на Тајната служба бидејќи покажале дека не е антракс или нешто слично, ама затоа па прилично и комплицираат на пиар службата, откако излегло дека прашокот е кокаин.

Белата куќа на Твитер му нарачувала цензурирање новинари

Се појавија нови докази дека официјални лица од Белата куќа приватно побарале од вработени на Твитер да го цензурираат и забранат новинарот Алекс Беренсон, пишува Вол стрит журнал.

Почина батлерот кој служел под 11 американски претседатели

Вилсон Џерман, кој во Белата куќа најпрвин работел во времето на Ајзенхауер, а се пензионирал под Обама, починал од коронавирус на возраст од 91 година.

Како Трамп победува на прес-конференциите?

Како што одминува првиот мандат на американскиот претседател така прес-конференциите со него (и екипата од Белата куќа) се повеќе добиваат на забавност и возбуда, а се помалку на информативност. Се на се брифингот од Белата куќа е станат спектакл како кечери.

Пенс носи саспенс

„Пазете што посакувате, да не ви се оствари“, им порачува Ролинг Стоун на читателите кои горат од желба Трамп некако да го снема од Белата куќа. Во тој случај, на негово место ќе дојде нешто бетер - актуелниот потпретседател Мајк Пенс. И тоа можеби на 10 години.

Писмото што Обама му го остави на Трамп во Белата куќа

Владетелот на Америка на заминување во последните денови од својот мандат напиша писмо до својот наследник, го превитка и го запечати во коверт адресиран до „Господинот Претседател“. Кратко по инаугурацијата Трамп изјави дека Обама му оставил писмо, ама дека содржината нема да ја сподели со медиумите. Ја сподели.

Трамп два пати дневно добива папка со позитивни вести за него

Од почетокот на мандатот на администрацијата секојдневно се подготвува специјална папка, која на претседателот му се испорачува на две рати. Првото пакетче е спремно во 9 и 30, а второто во 16:30, и во просек во нив има од 20 до 25 страници со вести.

Да речеме дека Трамп освои втор мандат

Иако е премногу далеку и е малку веројатно, ваквата замисла неодоливо потсетува на средината на 2015, кога Трамп прв пат објави дека се кандидира за претседател, а и левите и десните се спрдачеа со него и замислуваа како би изгледала таа Америка чиј претседател е поранешен водител на реално шоу и сеопфатен кловн.

Трамп има копче за Кока-кола

Нешто налик секој добар филм околу Студената војна, Трамп на своето биро во Белата куќа има инсталирано црвено копче. Нешто налик Симпсонови стискањето на копчето активира - носење Кока-кола.

Том Хенкс испрати машина за кафе во Белата куќа

Не е за турско, туку за јако црно еспресо, кое треба да им помогне на новинарите кои известуваат од кабинетот на претседателот да останат будни и концентрирани во борбата за вистината. За некои од нашите може рачно цедалче за лимун ќе заврши повеќе работа. 

Како Голдман пак ќе ја Секса Америка

Хилари Клинтон со изборен пораз ја плати цената што се полакоми по парите на Голдман Сакс, најомразената американска компанија и синоним за злото на Вол Стрит. А сега Доналд Трамп рекордно ја накрцка Белата куќа со кадри од таа компанија.

Како Спрингстин го истрола Трамп

Не само што со резигнација одби да свири на инаугурацијата на Трамп кој подоцна не успеа да обезбеди ни некој да му свири преработки од Спрингстин, Газдата на Обама од ќеиф му приредил концерт, и тоа во Белата куќа.

Колку е фактурата за Белата куќа?

Откако Мишел Обама ја затресе цела нација со говорот на првиот ден од Демократската конвенција, темата кој и како ја изградил Белата куќа стана едно од најважните споредни прашања. Па сега некој одлучи да пресмета колку пари им должи САД на робовите што ја изградиле претседателската резиденција.

Глупоста е како бумеранг

Неименуван Американец бил доволно гневен за да испрати пакет со цијанид во Белата куќа. И доволно глуп на пратката да ја напише адресата на праќачот.

На Белата Куќа ѝ треба повисока ограда

Панел експерти утврдиле катастрофални фалинки во безбедноста на првиот периметар околу куќата во која живее американскиот претседател. Таканаречените елитни единици вежбале само по 25 минути годишно.

Црно куче во Белата куќа

Семејството Обама пред некое време реши да си земе уште едно кученце за во Белата куќа. Познавајќи си ја публиката и нејзината желба да чита такви тривијалности, милион медиуми го објавија тоа. Но, има и такви што најмногу ги интересира заднината на приказната, зошто ново куче, зошто црно, зошто со такво име?

Петиција до Обама за Рикелме да остане во Бока

Аргентинската легенда Рикелме во моментов е во преговори со други клубови откако неговиот договор со Бока Јуниорс заврши, но навивачите не сакаат тој да го напушти клубот па дури побараа и интервенција од Обама и Белата куќа.

Даночните пријави од Белата куќа

За истата работа, на истата позиција, во истата "фирма" минатата година Обама заработил речиси 1 милион долари помалку отколку во 2010-та.