Пенс носи саспенс

„Пазете што посакувате, да не ви се оствари“, им порачува Ролинг Стоун на читателите кои горат од желба Трамп некако да го снема од Белата куќа. Во тој случај, на негово место ќе дојде нешто бетер - актуелниот потпретседател Мајк Пенс. И тоа можеби на 10 години.

„Дали посакувате импичмент против Трамп, или можеби посакувате да биде активиран 25-от амандман (да се стане Андов по атентатот на Киро) или пак најпоштено, Трамп да наведне глава и посрамотен да даде оставка? Во таков случај, сигурно не сте сами бидејќи секојдневно се кумулираат докази за некомпетентноста на Трамп и неговото криминално однесување. Но тоа носи огромен ризик: ако Трамп ја напушти Белата куќа, би можеле да се соочиме со 10 годишно владеење на Мајк Пенс. Дали тоа е она што навистина го сакаме?“, прашува Дејвид Коен во Ролинг Стоун.

А Пенс е од оние вистински, убедени и задрти крајни десничари, темелно против абортус, геј права и цел тој корпус слободи.

Оригинално, немало ограничување на претседателските мандати иако повеќе од еден век тие го следеле примерот на Џорџ Вашингтон и неговото само-ограничување на два мандата. Сè до Френклинк Рузвелт, кој повикувајќи се на вонредни околности (Втората Светска Војна) доби 4 мандати. Откако умира во првите месеци на четвртиот, тоа станува прашање од национална важност па во 1951 година се носи амандман со кој се ограничува преседателствувањето на два мандата. „Никој не може да биде избран за претседател повеќе од два пати“, пишува во Уставот

Но, ако станеш претседател како замена, тоа време не се смета што значи дека по следните две години, Пенс би можел да добие уште два мандата. А ситуацијата е ваква: извесно е дека Демократите ќе станат мнозинство во Парламентот на почетокот на ноември. Тие можат брзо да изгласаат импичмент против Трамп и потоа барањето да го проследат до Сенатот. Таму ќе им треба дво-третинско мнозинство кое го немаат, но не е исклучено до тогаш некои републикански сенатори да бидат убедени дека е доста со хаосот со Трамп и дека е време за стабилно (досадно) републиканство, предводено од Мајк Пенс.

4 причини зошто Пенс е убедливо најлош 

 

 

Of course, this is not a terribly likely scenario. But, as January 20th approaches, it’s not completely far-fetched either. Consider this. It is looking increasingly likely that the Democrats will take back the House this November 6th and maybe even the Senate (though that’s much less likely). The new Democratic-controlled Congress begins service on January 3rd. All it takes to impeach a president in the House is a majority vote. Given all that we know about President Trump, the House might act quickly and then send the impeachment to the Senate, which needs a two-thirds vote to remove the president – a much taller order.

 

 

17 септември 2018 - 09:27