
Иако со децении на бироата на американските претседатели има црвено копче, ова е прв пат во историјата тоа да активра батлер кој носи Кока-кола за претседателот.
Од Бизнисвик забележуваат дека ова сепак е апгрејд на досегашната пракса на Трамп од влегувањето во Белата куќа, која во основа била довикување од Овалната канцеларија.
Нарачката е за обична Кока-кола.
Без разлика како изгледа, на 29 април Трамп ќе ги заокружи своите први 100 дена на функцијата.