Тајната служба успеала да пресретне пакет испратен во Белата куќа во кој имало цијанид пред да настанат компликации. Се испоставило дека се работи за стар муштерија на службите кој вакви идеи има уште од 1995-та година кога пратил пакет со урина.
Последен пат се допишувал со Белата куќа пред три години кога без некоја особена порака испратил чоканчиња со жестоки пијачки.
Последниот пакет во кој имало цијанид прво минал незабележано на контролата но на повторните био-тестови се покажало дека содржи цијанид.
Службите веднаш дознале за кого се работи бидејќи генијалецот на пакетот уредно напишал повратна адреса на испраќачот.