теории на заговор

Црно куче во Белата куќа

Семејството Обама пред некое време реши да си земе уште едно кученце за во Белата куќа. Познавајќи си ја публиката и нејзината желба да чита такви тривијалности, милион медиуми го објавија тоа. Но, има и такви што најмногу ги интересира заднината на приказната, зошто ново куче, зошто црно, зошто со такво име?

Вистинското име не му е Сани

Аха, новото куче на американското претстедателско семејство е Сани (Sunny). Но, нели е тоа премногу блиско до Суни? Аха, тоа што асоцира на една гранка на Исламот. Значи, вистинското име му е Суни со што Обама сака да ја потенцира својата муслиманска лоза (за која постоеа безброј глупи наклапања).

 

Намерно земал црно куче бидејќи е расист

Прилично глупа е аналогијата меѓу човечката боја на кожата и бојата на влакното на едно куче (која човечка раса е еквивалент на златен ритривер?), но, што има врска што е глупо. Згора на се, не му е првпат да зема четвороношки 'црнец'. Сега има два по дома. За овој префриган потег алармираше The Daily Caller резимирајќи: Обама нема ниту едно бело куче!

Сани служи за да го одврати вниманието на јавноста од проблемите

Со други зборови, земаш куче за јавноста да престане да лае за здравствената реформа, економската криза, прислушувањето и сл. Овој тип на размислување ни е близок бидејќи во последно време има се повеќе махери кои обожаваат да зборуваат за спинување, спин доктори и слични техники во кои продреле гледајќи телевизија и консултирајќи се со другите аналитичари од пред гранапче. Но, приказната со спинувањето не секогаш е блесава. Постои цела студија која се занимава токму со тоа прашање: "улогата на домашните миленичиња како ПР алатка на Белата куќа за време на политички скандали и меѓународни тензии од 1960-та па наваму"

* Еден од најлудите примери на филмска креација, Буш и неговите кучиња: