Таг: ПР

Вакцините се како чадор? Како воздушни перничиња? Како кондоми?

За да се пренесе пораката за корисноста на вакцините политичарите, новинарите и медицинските лица мораат да бидат реторички опремени со метафори кои се јасни, „заразни“ и кои ќе го имаат посакуваниот ефект. Но дали тоа е воопшто можно, во кој и да е јазик?

Друштвото на мртвите, презакопани Руси

Една линија од државотворниот ПР на Владимир Путин е да ги враќа моштите од славните Руси и да ги презакопува во родната грутка. Демек, сите Руси во иста држава, без разлика на нивната моментална здравствена состојба. Во последниот случај загризаа преголема коска, онаа на Рахмањинов.

Таквите ги има Рој

Еднаш годишно, речиси во ист период, западни медиуми знаат да пренесат некоја голема сторија за индијскиот Фејсбук и милионските планови на неговиот сопственик за ширење на бизнисот. Има само еден проблем.

Скапо полирање на брендот на Би Би Си

Иако за ПР услуги веќе одвојува 5 милиони фунти годишно, менаџментот на британскиот јавен сервис проценил дека за пеглање на нарушениот имиџ им е потребен и поранешниот спин доктор на Тони Блер.

Црно куче во Белата куќа

Семејството Обама пред некое време реши да си земе уште едно кученце за во Белата куќа. Познавајќи си ја публиката и нејзината желба да чита такви тривијалности, милион медиуми го објавија тоа. Но, има и такви што најмногу ги интересира заднината на приказната, зошто ново куче, зошто црно, зошто со такво име?

Колку ПР доби Асад за 5.000 долари месечно?

Башар Асад знае да зборува англиски а неговата сопруга Асма е скроз згодна, на кратко беше сликата на Западот за првото семејство на Сирија.