Изгледа дека никој нема слушнато за индисјкиот Фејсбук. А последно објавено за компанијата Worldfloat е дека е проценета на 300 милиони долари и дека нивниот Закерберг, живописниот сопственик Пушкар Махата е горд на своите 50 милиони корисници, што е повеќе од активните корисници на Фејсбук и Твитер во таа земја.
Вистината е дека Worldfloat ни на офф.нет не може да му се приближи, камоли на Фејсбук (на Алекса Worldfloat е 65,841- ти, додека нашиов е за 20.000 места подобар, и тоа на глобално рангирање). Годинава амбициозните проценки ги пренесе новинска агенција од Индија а приказните знаат да се прелеат и на Запад.
"Никогаш немам слушнато за тоа име, а веројатно би требало некогаш да налетам на сајт кој има 60-тина милиони корисници," вели потпретседателот на една голема компанија која се занимава со консултирање инвеститори.
Сепак, вестите за Worldfloat и натаму систематски се дистрибуираат преку легитимни новински канали, па така беше јавено дека влегле во е-комерц бизнисот, дека отвориле Видео Твитер а кулминација беше веста од овој јули дека стартувала нивната апликација вредна 1 милијарда долари.
Не постои таква апликација. Сè што Worldfloat има направено месецов е што го оптимизирала сајтот за сурфање преку мобилен.
Во интервју за Hindu Business Line, Махата појасни дека неговиот веб сајт моментално ја прави "третата револуција". Првата бил меилот, втората Фејсбук.
Се работи за неверојатно дрска ПР измама, вели човек од агенција која се занимава со стартапи. Во некоја рака, им симнувам капа на луѓето кои успеаа да направат толкава медиумска бука и пред да имаат каков било производ.