Би Би Си ќе одвои 150.000 фунти годишно за парт-тајм консултации на тема односи со јавноста кои ги очекуваат од Годрик Смит, своевремено клучен ПР играч на Тони Блер.
Годрик ќе треба да направи стратегија како куќата да се извади од трите големи скандали кои ја погодија во последно време: педофилскиот скандал со некогашниот водител Џими Савил, огромните плати на клучните луѓе како и 25-те милиони фунти отпремнини и бонуси кои им беа поделени на 150 високи функционери во Би Би Си.
"Ни беше потребна надворешна песпектива и експертиза за неколку маркетинг и ПР проекти," објаснуваат од компанијата.
Би Би Си има армија од 140 вработени во сопствената ПР служба за која одвојува 5 милиони годишно. Годрик бил регрутиран од Џејмс Пурнел кој го води делот за стратегии и дигитал, за плата од 300.000 фунти годишно. Инаку негов некогашен колега од Дауннг Стрит.