Семејството немаше проблеми да се појавува во најголемите светски весници, Башар во Њујорк Тајмс, Асма во Вог, пред се благодарејќи на изборот на ПР агенција. Иако полирањето на имиџот на светските владетели пред западната публика не е нешто ново, Асад беше посебно решен да го подобри својот статус без разлика на цената.
Кампањата за приближување на сириските владетели кон Западот, започна уште во 2006-та, кога г-ѓа Асад ја ангажираше компанијата Бел Потингер од Лондон, основана од поранешниот советник за медиуми на Маргарет Тачер.
Тие и плаќаа по 5.000 долари месечно на компанијата Браун Лојд Џејмс од Вашингтон за да делува како врска меѓу Вог и првата дама на Сирија. Со ова тие успеаја да издејствува изработка на профил на Асма во Вог, во март минатата година во време кога нејзиниот сопруг брутално се справуваше со немирите во земјата.
Неколку години подоцна работата на нејзиниот имиџ почна да дава резултати, Paris Match ја нарече "елемент на светлина во земја полна со сенки," и "источната Дијана." Француски Ел ја стави на листата на најдобро облечени жени во светот на политиката, а Хафингтон Пост објави статија и галерија под име "Алма Ал-Асад: Првата дама на Сирија и целосно природна убавина."
Сепак, највлијателниот текст за нејзе доаѓа во март 2011-ва во Вог, каде профилот од 3.200 зборови доаѓа под насловот "Роза во пустината." Пролетва списанието го отстрани текстот од својата веб страна, а уредничката објави соопштение дека "на времето се надевала дека режимот на Асад ќе се претвори во попрогресивно општество..." и дека "ги осудува постапките и злосторствата на режимот на Асад во најсилна можна мерка."