Како Спрингстин го истрола Трамп

Не само што со резигнација одби да свири на инаугурацијата на Трамп кој подоцна не успеа да обезбеди ни некој да му свири преработки од Спрингстин, Газдата на Обама од ќеиф му приредил концерт, и тоа во Белата куќа.

Последните неколку месеци за Трамп беа месеци на незаборавни успеси. Освен кога се работи за Брус Спрингстин. Не само што овој одби да му свири на инаугурацијата туку штабот на новиот претседател за истата прилика не успеа ни да го обезбеди трибјут бендот што свири песни од Спрингстин и Е стрит бенд.

Тие (се викаат Б стрит бенд) првично ја прифатиле поканата но кога видоа што Шефот и неговата дружина мислат за таков ангажман, го откажаа својот настап.

"Откажавме само заради огрмната почит која ја чувствуваме кон Брус и Е стрит бенд," објаснија од трибјут бендот.

И капак на се, во последните денови од престојот на Обама во Белата куќа, Спрингстин и неговите му дошле во домата и за човекот кој заминува одржале камерен и интимен акустичен концерт. Свирката се случила во источното крило на куќата, отпрашиле 15 песни, почнале со “Working on the Highway”, завршиле со „Land of Hope and Dreams„.

Што било после, можеме да замислуваме. Јака свирка, последни денови од работа, празна куќа, доаѓа нов газда а знаеш што човек е.... Ако е така ко што ние би направиле, првиот проект со кој Трамп ќе треба да се зафати откако ќе влезе во Белата куќа е - да ја реновира.

 

19 јануари 2017 - 10:29