Кокаинот е најден во дел од Западното крило кое се користи за чување на лични електронски уреди, до кој пристап имаат голем број вработени и посетители.
„Дури и да има таму камери, освен ако не мавташ со него, тоа нема да биде снимено... Прилично е гужва, луѓе цело време минуваат од таму,“ изјавил за Политико магазинот неименуван извор запознаен со целиот случај.
Прометноста на локацијата ја потврди и портпаролката на Белата куќа, без да ја спомне конкретната локација каде била најдена дрогата.
Прашокот беше откриен во неделата околу 18 часот од униформиран припадник на Тајната служба. Бидејќи првиот сомнеж не бил дека некој шмрка таму, туку дека е некој отров на кратко била крената безбедноста во Белата куќа а дел е и евакуиран.