Робовите кои ја граделе Белата куќа, соодветно на нивното звање не добивале никакви пари освен храна и сместување, затоа на нивните сопственици им било плаќано до 60 долари годишно за секој роб.
Работната недела траела шест дена, од изгрејсонце до вечер, и вклучувала сè од цепење дрва и правење граѓа од нив, до рамнење на теренот, кршење и носење камен, копање темели. Пред да ангажираат робови, било пробано да се соберат работници од европските доселеници, ама не успеало заради немање одзив.
Мајкл Дали за Дејли Бист пишува дека заради правичност на наследниците на робовите што ја граделе Белата куќа треба да им биде платено за трудот на нивните предци.
Неговата математика е дека минимумот што треба да биде исплатен е 60 долари годишно, колку што им било платено и на робовладетелите. Белците што работеле на објектот заработувале многу повеќе.
Пресметка е дека на овие 60 долари разумно е да се додаде 5% каматна стапка. Овие 5% на годишно ниво, помножени со 224 години, на 60 долари, стануваат над 3,34 милиони долари. Потоа Дали работи со повисока камата, па на 10% камата му излегува сума од 112.230.972.351,66 долари, додека на 20% камата, пак на 60 долари основица, сумата е 32.715.259.164.460.650.496,00 долари, што е повеќе од американскиот БДП.
Заради баснословноста на останатите суми, Дали сепак како основица ја зема премијата од најниската каматна стапка, 5%, па на добиените 3,34 милиони долари им прави адаптација на вредноста од 1792 во 2016 (ги помножува со 25) и ја добива сумата од 83,65 милиони долари отштета за секој еден роб.
За да биде сè по процедура тој објаснува дека ова не се чисти пари, па треба да се има предвид дека од нив ќе треба да се одземат најразличните давачки и даноци кои следуваат со секоја месечна плата за овие 224 години.
Околу говорот на Мишел, тука.