Вечерта на Хилари на која многумина пожалија што не можат да гласаат за Мишел

Сандерс едвај ги смири гневните фанови, Мишел Обама одржа говор за во учебници по ораторство, исвиркана беше и Елизабет Ворен. Настапи Пол Сајмон (инаку фан на Берни), чија изведба на Bridge Over Troubled Water беше доста неубедлива па твитерџии искоментираа дека "Русите и него го хакнале". Епилог: Хилари е кандидатот на Демократите кој ќе треба да смисли начин како да го сопре Трамп.

Велат Берни Сандерс на помалку од еден час од Демократската Национална Конвенција сè уште го преправал текстот на своето обраќање. Но, кога застана на сцена, немаше никакви дилеми - ѝ даде недвосмислена поддршка на Хилари и повика да се гласа за неа бидејќи таа МОРА да биде следниот претседател на САД.

Неговите најжестоки фанови посакуваа "Тед Круз момент" (Круз изведе неочекувана диверзија на конвенцијата на Републиканците па запука по Трамп), надевајќи се дека Сандерс ќе остане верен на своите довчерашни ставови. И за Хилари и нејзините врски со моќните и сомнителни финансиски кругови и за Демократската конвенција која иако треба да биде неутрална институција, според  меиловите истечени непосредно пред конвенциите играла доста валкано кон Сандерс. 

Но Берни ги потсети дека живеат во реален свет и дека е сега важно Хилари да го победи Трамп. И дека револуцијата продолжува и дека тој ќе биде дел од неа и слично. На почетокот со мака ги смири незадоволните фанови кои негодуваа за цело време од неговиот говор, исто како и кога поддршка за Хилари даде Елизабет Ворен, вендета на "чесното" крило на Демократите.

Една од оние кои таа вечер во Филаделфија си поминаа не баш нај, беше Сузан Сарандон, жесток фан на Берни и уште пожесток критичар на Хилари и она што таа го симболизира: корумпираноста на политичкиот естаблишмент:

Пред така поделена публика застана Мишел Обама и ја крена салата на нозе одржувајќи говор кој веројатно уште долго ќе биде цитиран и антологизиран.

 Ги испорача своите поенти уверливо а без врескање, јасно кажа што мисли за Републиканскиот избор без да навлезе во гнев и на својот пример ги охрабри луѓето дека се уште вреди борбата за својата земја.

Секое утро се будам во куќа која е изградена од робови. И потоа ги гледам моите ќерки, две прекрасни, паметни црни девојки како си играат со кучињата во дворот на Белата куќа. И благодарејќи на Хилари, и ним и на сите наши синови и ќерки сега им е нормално дека жена може да биде претседател на САД.

Затоа, не дозволувајте никому да ве убедува дека ова не е голема земја, бидејќи во моментов е најдобрата на Земјава. Како што моите ќерки се подготвуваат да исчекорат во светот, јас сакам лидер кој вреди за таа вистина.

A Пол Сајмон, вака:

Инаку, таа песна, треба и МОРА да звучи само овака:

п.с. Тајмингот и траговите на самото истекување на доверливите документи водат кон хакерите на Кремљ (види овде).