Неименуван извор изјави дека во разговор со странски политичар, било спомнато дека нивната влада претпоставува дека Џо Бајден нема да биде кандидат на Демократите во 2024, пишува Тим Стенли во текстот за Телеграф. Џо ќе се повлече пред првите партиски избори, што ќе биде предоцна за во трка да влезе кандидат предложен од базата, па на конвенцијата ќе биде крунисан предлогот на естаблишментот. Кое е името на среќниот добитник? Мишел Обама.