Информацијата на Шпигел е дека Демократската партија размислува околу опцијата Бајден да ја објави својата одлука во август 2024 за време на партиската конвенција во Чикаго.
Изборот на Мишел е заради позитивните бројки што ги има и во претходните и во новите анкети на јавноста и тоа дека „идејата за жена претседател инспирира многу Американци.“ Уште минатата година Белата куќа призна дека демократите ги анкетирале гласачите за нивната наклонетост кон Мишел.
Дел од причината за одлуката на Бајден и Демократите се објаснува со возраста на актуелниот претседател кој според две-третини од Американците е премногу стар за да ја води земјата уште четири години.
Друг дел, како што пишува Шпигел, се должи на фрустрација, бидејќи никогаш до сега во историјата на САД двајца главни кандидати биле луѓе кои се толку непопуларни.