Според даночната пријава на Обама, тој во 2011-та платил данок на приход од 160.000 долари за бруто приход од 790.000 долари.
Само половина од приходите на првото семејство се од платата на Обама, а остатокот доаѓа од продажбата на неговите книги.
Во пријавата објавена од Белата куќа, пишува и дека Обама во 2011-та дал 172.000 долари во добротворни цели. Овие пари се од заработувачката од неговите книги, а биле дадени за Фишер Хаус Фондацијата, која им помага на воените ветерани и нивните семејства околу медицинските третмани. За споредба, во 2010-та, првото семејство во добротворни цели дало 245.000 долари.
Приходите на потпретседателот Џо Бајден, во 2011-та изнесувале 379.000 долари, за што платил данок од 88.000 долари.
За разлика од владејачката двојка, нивниот републикански противкандидат Мит Ромни во 2011-та пријавил приход од 21,7 милиони долари, на што платил данок од 3 милиони долари. Во 2011-та тој донирал 2,98 милиони долари, од кои половина отишле за Мормонската црква.