Првично пакетот што Кук требаше да го добие за 10 годишниот договор со Епл изнесуваше 376 милиони долари. Меѓутоа од потпишувањето на договорот во 2011 до сега, вредноста на акциите на Епл е порасната за 6 пати.
Пресметката на годинешниот бонус се прави според вредноста на акциите на Епл од минатиот четврток по затворање на берзите - 159,27 долари.
На некогашниот заменик на Стив Џобс, до крајот на договорот му следуваат уште 2,94 милиони акции.
Се додека остане ЦЕО на Епл, Кук ќе добива по 560.000 илјади акции годишно (август 2018, 2019 и 2020). Во август 2021 ќе му биде исплатена последната рата од договорот во износ од 1,26 милиони акции од компанијата.
Во 2015 Кук за Форчун магазинот изјави дека планира најголемиот дел од парите што ќе ги направи во Епл да ги подари.