Зачетоците на праксата се од старите индустриски сектори, кога цели фабрики, заради неисплатливоста за работа со десеткувани фабрички ленти, ставаат клуч на врата на неколку недели. Навиката во последните децении крајно успешно се шири и вон производните дејности.
Тоа што ваквата логика е потешко да ја копираш врз ресторани и кафулиња, не значи дека тие имаат идеолошки проблем со одмарање сред туристичка сезона. Како што објаснува за Економист девојка што работи во слаткарница во Милано: "отворени сме цела година, седум дена во неделата, овие денови ни се заслужени."
"Во ваквите сектори праксата за затворање сред лето повеќе изгледа како да доаѓа по навика и општествената прифатеност на одморите во другите сектори, отколку од некоја бизнис логика.
Ако си турист кој бара сладолед, или локалец што се обидува да најде водоводџија, па дури и новинар што се обидува да напише сторија, односот на Европа кон летото може да биде сериозно фрустрирачки.
Сепак и покрај, или токму заради, деновите минати на одмор, Европејците се најпродуктивните работници на светот. Ден Роџерс од консултантската компанија Пикон смета дека падот на продуктивноста во сезоната на одморите е причината зошто треба да се прифати европското лето: 'од перспектива на работодавец, ако твоите вработени се помалку продуктивни, а твоите бизнис партнери се помалку респонсивни, разумната одлука е да затвориш дуќан,'" се објаснува во текстот на Економист.