Отфрид Бест, кандидатот на НПД за градоначалник на Фелклинген, за време на дебата од своите противкандидати добива прашање на тема со која не може да се помири. Во предизборната дебата претставникот на Партијата, германската сатирична партија, го става Бест пред свршен чин:
"Господине Бест... за мене е алармантно тоа што во Фелклинген толку многу броеви на куќи се испишани со арапски бројки.
Што планирате да преземете против ваквата застрашувачка странска инфилтрација?"
Додека публиката сè уште се смее на прашањето, Бест со целата самодоверба во своите идни градоначалнички моќи одговара:
"Само почекајте додека станам градоначалник. Ќе го сменам тоа. И ќе имаме нормални бројки."
Германските законодавци до сега 2 пати се обидоа да ја забранат неонацистичката НПД, меѓутоа Уставниот суд на земјата одлучи дека партијата не е доволно голема закана за да биде забранета.