Парите за кои пишува Мешбл, одат за посредник кој има "луѓе" во Инстаграм и кои можат да пополнат формулар за верификација на нечиј профил. Формуларот инаку не е достапен за луѓе вон компанијата.
Освен врските, посредникот генерира и медиумска галама околу профилот (статии на најразлични веб страни) кој е наведен во барањето.
Самата значка нема некоја посебна дополнителна вредност (не дека добиваш пари од Инстаграм) освен тоа да потврди дека е автентичен профил на одредена јавна личност, ѕвезда или глобален бренд.
Ќарот за верификуваните е што тие почесто се појавуваат во пребарувањата и служи како симбол за сите корисници кои сакаат да го покажат својот "статус" на компаниите што бараат влијателни корисници на Инстаграм за промоција на сопствените производи.
Се проценува дека компаниите во 2017 потрошиле околу 1 милијарда долари на "влијателни" инстаграмџии. Оваа сума се очекува во следните 2 години да порасне за 2 пати.