Фотошопирањето на вероисповедта на грчката црква, извршено на целата линија производи (мусака, стапчиња, јогурт, зејтин, гиро...), беше дочекано на волеј на повеќе пазари на кои функционира ланецот супермаркети, како Британија, Белгија и Германија.
Во одговорите на бунтот што им се случи на социјалните медиуми, Лидл порачува дека на пакувањето се направени повеќе дизајнерски измени "и бидете уверени дека целта на најновиот дизајн не е тој да биде некаква порака. Сите забелешки ќе бидат пренесени за понатамошно разгледување."
На телевизија, портпаролот на белгиската филијала на Лидл отстранувањето на крстот го објаснува со побудата да се почитува разноликоста:
"Избегнуваме користење на религиозни симболи затоа што не сакаме да исклучиме ничии религиозни убедувања.
Ние како компанија ја почитуваме разноликоста и ова го објаснува дизајнот на пакувањето."
Од германската централа на Лидл стига објаснување кое тера по истата логика:
"Немавме намера да шокираме.
Го избегнуваме користењето религиозни симболи на нашите пакувања за да одржиме неутралност кај сите религии.
Ако ова беше поинаку сфатено, се извинуваме на тие што се шокирани."