"Постојаниот наплив на фотографии и видеа што ги објавуваат даваат невообичаен интимен прозорец во нивниот привилегиран личен живот. Во последно време двајцата доста време минуваат во Јоханесбург. Таму животот е далеку подобар отколку дома во Зимбабве, каде што татко им ја упропасти економијата," се објаснува во текстот на Економист.
Други претставници на првата генерација наследници на африкански деспоти е Лоренс Луал Малонг Јор јуниор, полу-синот на јужносуданскиот генерал, кој на Фејсбук е редовен со објави од летање во прва класа, масажи и разни луксузи. Во едно од видеата тој лежи до купиште банкноти од 100 долари (за кои тврди дека вкупно изнесуваат околу 1 милион долари што ќе ги донира во добротворни цели).
Синот на претседателот на Екваторијална Гвинеа (а во исто време и потпретседател на земјата), Теодоро Нгуема Обианг Мангуе, според постовите повеќе е љубител на приватни авиони, скапи коли и егзотични патувања. На истите слики тој не е нешто вонредно загрижен околу судскиот процес против него што се води во Франција за проневера на 100 милиони долари, во најголем дел потрошени на журкање и убав живот.
Освен "абоутластнајт" социјалните медиуми на децата на деспотите знаат да дадат и корисни апдејти, како случајот со синот на Роберт Мугабе кој во една прилика го информираше светот дека здравјето на неговиот 93-годишен татко е добро, и дека тој е "здрав и жив... па сите вие хејтери може да цркнете."