Висенте Фокс излезе најголемиот трол на Трамп

Поранешниот мексикански претседател од раатот на пензионерскиот живот го дрибла Трамп уште пред американскиот претседател да стапне во Белата куќа. И како што минува време, Висенте станува само подобар во тролањето.

Во најновото видео обраќање, Фокс ("порака до скапаната тиква од ланскиот Ден на благодарноста") објави дека во 2020 ќе се кандидира за американски претседател.

Како планира Фокс, како Мексиканец, да стане претседател на САД? Ако може Доналд Трамп ("таа истрошена бејзбол ракавица") да биде претседател, тогаш секој може.

Тој веднаш ги кажа и своите ветувања за претседателскиот мандат:

- Ќе им заштеди пари на даночните обврзници со тоа што ќе има мала инаугурација, "секако поголема од на Трамп, но сепак многу, многу мала".

- Ќе состави компетентен кабинет, наспроти сегашниот срам.

- Ќе изгради ѕид, околу кулата на Трамп во Њујорк, и Мексико радо ќе плати за истиот.

- Нема никогаш да брани нацисти.

- Би ги поништил и законите што ги има донесено Трамп, ама е разочаран затоа што претседателот на САД се уште нема истуркано ниту еден важен закон. По математиката на Фокс, тој и Трамп имаат ист учинок во носењето закони во САД. Фокс како државјанин на друга земја, и Трамп како претседател на САД.

 

11 септември 2017 - 10:40