Вести

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Речник

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

На ЕУ ѝ се кратки нозете

По барање на Европската комисија и по цена од 360.000 евра изработена е студија за тоа како пиратеријата е штетна за продажбата на музика, книги, видео игри и филмови. Резултат: ЕУ никогаш не ја објави студијата.

Колку многу порно е премногу порно?

Без да се навлегува во детали за сите можни демографии, предложеното правило што треба да се следи е: ако можеш да завршиш работа без лаптоп пред тебе, веројатно си ок.

Пак Ердоган во Америка, и пак тепање

Неколку месеци откако личното обезбедување на Ердоган сред главниот град на САД, пред полиција, медиуми и што уште не, потече од ќотек една група анти-Ердоган демонстранти, турскиот претседател одлучи додека е во Њујорк да одржи говор. На говорот дојдоа нови демонстранти, ама и ново обезбедување (на тие од Вашингтон ДЦ привремено им е забранет влез во САД).

Како да направиш милијарди долари од вода за која не плаќаш ништо

Доминацијата на Нестле во индустријата за флаширана вода се базира на стратегија со два критериуми: да се најде регион кој има сериозни економски проблеми и лабави закони за управување со изворите на вода. После ова само пакуваш и рекламираш.

Под урнатините на мексиканските вести

Цело Мексико било залепено за телевизор за да дознае што има најново во спасувачката драма околу едно 12 годишно девојче живо заробено под урнатините на своето училиште. Сè додека сето тоа комплетно не колабираше. Не урнатините, туку приказната.

Џери Луис како Пантелија Топаловиќ

Џери Луис почина на 91 годишна возраст, еден долг и сочен живот во кој имаше шест сина и една ќерка. Во тестаментот стариот се погрижил ниеден син да не добие ни паричка од неговото наследство.

На повидок се темпирани вакцини

Научници нашле начин како на едно дете сите потребни вакцини да му се вбризгаат со само една инјекција. Па после делови од тој коктел си се ослободуваат во организмот кога ќе им дојде време. Напредоков некогаш стварно звучи по малку језиво.

Готвач побара да му се одземат Мишелин ѕвездите за да има раат

Еден од најугледните француски готвачи чиј ресторан ги има максималните три Мишелин ѕвезди веќе 20 години, побара тие да му бидат одземени и веќе да не учествува во рангирањето. Човекот не сака да живее под притисокот да биде еден од апостолите на светската гастрономска библија.  

И Европа да им шитне некоја глупост на Кинези

Швајцарска компанија за пакување воздух најде совршен пазар (и причина за постоење) во милионските кинески градови преполни со милионери и загадување од сите можни појави.

Да си ги мериме оброците

Првиот човек на Панера бред (американски ланец пекари) објави отворен предизвик до генералните директори на Мекдоналдс, Вендис и Бургер кинг: седум ден за појадок, ручек и вечера секој од нив да јаде од детското мени од сопствениот ресторан.

Гугл го купи хардверскиот тим на ХТЦ за 1,1 милијарда долари

Во средата ХТЦ ненадејно објави дека привремено го прекинува тргувањето на своите акции на берзата во Тајван. Еден ден подоцна Гугл објави дека потпишале 1,1 милијарда долари вреден договор за купување на тимот на ХТЦ кој до сега работеше на Пиксел.

Добра и лоша вест од светот во кој живееме

Ќе дојде непознат млад дечко пред твоја врата дома за да го врати новчаникот полн со пари кој го нашол на улица. А тебе ќе ти биде страв да му отвориш.

Каде овде е лево?

Левицата во 60-тите ја прифати политиката на идентитети (човекови права на црнците, правата на ЛГБТ итн). Истовремено се оддалечи од работничките движења и стана технократска, идеолошки неутрална (види: Тони Блер). Со тоа левицата ја изгуби универзалноста и доведе до атомизација и фрагментација на самата себеси. Денес ѝ е потребна обединувачка тема, да се најде себеси со глобална визија.

Една од овие 4 идеи ќе добие 100 милиони долари од Мекартур фондацијата

Во јуни 2016 Мекартур фондацијата ја започнува 100&Change наградата за филантропија, која важи за цел свет и во која премијата е грант од 100 милиони долари "за која било група што ќе најде најдобро решение за унапредување на човештвото".

На богаташите им е многу, ама многу непријатно што се богати

Истражувајќи за својата книга Неспокојот од изобилието, авторката Рејчел Шерман открива дека на богатите им е непријатно од тоа што се богати, или барем им е непријатно да бидат етикетирани како "богати". Притоа да нема заблуда дека заради незгодното овие луѓе планираат да се отарасат од парите или да ги праќаат децата во државни училишта.

Нетфликс не троши, туку гори пари

За два стенд-ап специјали плус правата за неговиот серијал „Комичари во кола пијат кафе“ Нетфликс на Сајнфелд му исплати 100 милиони долари. За споредба, ХБО отприлика истите пари ги даде за целата 6-та сезона од Игра на тронови.

Ѝ доаѓа ли крај на западната надменост кон Балканот?

И покрај критиките за стереотипната слика за Балканот од автори како Марија Тодорова, Западот сè уште го гледа Балканот со предрасуди, од сликите за „српските влакнести мажишта“, па до Меланија како „невеста по нарачка“ и нејзиното „советско (?) југословенско“ потекло. Можеби нема уште долго да трае таквиот однос. Не затоа што Балканот се „прозападни“, туку затоа што Западот се „побалканчи“.

Книгата на Хилари, сосема ненамерно, совршено покажува зошто таа изгуби

Обидувајќи се да се помири со својот пораз, Хилари Клинтон ја повторува истата празна реторика и сомнителни политики кои доведоа до тоа, пишува Џејми Пек во анализата на "Што се случи".

По појавувањето на Шон Спајсер на Еми

Ако продолжи како што е тргнато од Еми наградите 2017 ќе остане запаметено само тоа дека Шон Спајсер излегол на бина и кажал 17 зборови, кои излегоа дека се 17 зборови повеќе отколку прагот на толеранција на борците за сечии слободи и права на изразување.

Патот до пеколот е поплочен со женски паркинзи

Италијанско градче реши да воведува бесплатни паркинг места резервирани исклучиво за жени. И наиде на лавина осуда од  - жените. И не заради тоа што паркинг местата се со стандардна големина, то ест им се мали.

Што значеше панк-рокот за комунистичка Југославија

Спротивно на Леонид Брежњев и Советскиот Сојуз, Тито не мислеше дека млади луѓе со гитари и тапани можат да ја срушат државата. И на крајот, испадна во право.

Интернетот нè враќа во средниот век

Муабетот е за сè побројните паметни уреди кои ги имаме по дома и се поврзани на интернет. Сме ги платиле, ги користиме, ама во суштина не ги поседуваме, заради первертираниот концепт на интелектуална сопственост. Како во средниот век, сета земја е на кралот а ако му платиш, ќе ти даде дел да го копаш.

Фората на ЦИА за откривање на бин Ладен ја упропасти вакцинацијата во Пакистан

И онака скептичните кон вакцинација Талибанци (вистинските, забрадените, не овие што се само неразумни по Фејсбук на темата) уште повеќе се побунија против редовното вакцинирање откако се дозна дека ЦИА ја употребила програмата за вакцинирање во Пакистан за откривање на Осама бин Ладен.

Барселона му објави војна на туризмот

Два дена откако забранија отворање нови хотели во централното градско подрачје, градските власти донесоа дополнителни пакет мерки со кои сакаат до 2020 година да ја зауздаат гранката која им донесе многу пари ама им го одзема раатот.