Џери Луис како Пантелија Топаловиќ

Џери Луис почина на 91 годишна возраст, еден долг и сочен живот во кој имаше шест сина и една ќерка. Во тестаментот стариот се погрижил ниеден син да не добие ни паричка од неговото наследство.

Тестаментот кој деновиве беше обелоденет бил запечатен во 2012 година и во него легендата на слапстик комедијата изрично наредува сите негови синови да бидат изземени од поделбата на наследството.

Бидејќи едниот син кој беше зависник се самоуби, извршната команда се однесува на петте живи синови кои му се чеда од првиот брак со пејачката Пети Палмер со кои се венчаа 1944 година, неколку години пред Луис да се здружи со Дин Мартин и двајцата да забегаат по порочните патишта на холивудската слава.

Сепак, таквиот брак ќе потрае цели 36 години, до 1980 кога Пети побара развод и 450.000 долари годишна алиментација за неа и најмладиот син.

Прв наследник во тестаментот на Луис е неговата вдовица СанДи, неговата втора сопруга со која го мина последните 33 години од својот живот. Втора во линијата за наследство е нивната 25 годишна посвоена ќерка Даниела.

Во 2009-та година, најмладиот син Џозеф трагично го заврши својот живот, после долгодишни проблеми со наркотици. За таа смрт синовите индиректно го обвинија стариот и неговото запоставување на своите деца.

“Џери Луис е лош и злобен човек. Никогаш ниту нè сакал ниту се грижел за нас“, изјави своевремено Гери, познат и по групата Гери и Плејбоите.

Задолжително види: 7 заебани минути со Џери Луис

****

Џери Луис го најавува синот Гери и неговиот бенд:

******

Отворањето на тестаментот на Пантелија:

 

22 септември 2017 - 09:55