Патот до пеколот е поплочен со женски паркинзи

Италијанско градче реши да воведува бесплатни паркинг места резервирани исклучиво за жени. И наиде на лавина осуда од  - жените. И не заради тоа што паркинг местата се со стандардна големина, то ест им се мали.

Десничарскиот градоначалник на Понтида во провинцијата Бергамо реши привремено да ја стопира одлуката за бесплатни паркинг места за жени откако наиде на силен отпор од разни страни.

Идејата на локалните власти во кои доминира десничарската Северна лига била да им се понуди бесплатен паркинг на сите млади мајки и трудни жени, но, само ако се мажени за Италијанец или друго лице од ЕУ.

„Паркинзите ексклузивно се одвојуваат за жени кои припаѓаат на природно семејство на италијански граѓани или државјани на Европската Унија“, стоело во образложението на одлуката.

За многумина, зад ваквата навидум благородна идеја стои тивко воведување на апартхејд.

„Што ќе им бие следно? Да има одвоени места во автобусите или на некои раси да им биде забранет влез во продавниците?“, прашува опозиционер од сверното италијанско гратче со 3.200 жители

19 септември 2017 - 11:06