Во својот настап од 20 секунди, поранешниот портпарол на Трамп, се исмеваше самиот себе и својот доскорешен шеф, за инсистирањето за масовната посетеност на претседателската инаугурација во јануари годинава.
Реакциите на публиката во салата изгледаа отприлика вака:
Реакциите на медиумите се:
- Слејт
Појавувањето на Еми му даде шанса на Спајсер да се претстави во поинакво светло од она што сме го гледале за време на администрацијата на Трамп.
"Спајсер извади шармантна насмевка, потсмевнувајќи се додека публиката не можеше да земе воздух и врескаше во неверување. Да, стварно беше тој. Да, тој беше таму да се исмева самиот себе. Тој беше доволно свесен за самиот себе за да знае дека тој е мета на шегите и доволно скромен за да ги истрпи... Неделниот скеч го врати Спајсер назад во јавната свест како пријатен другар спремен да прифати шега."
Авторката смета дека ваквиот настап му даде шанса на Спајсер да ги помрачи гревовите што тој ги има направено заедно со Трамп:
"Вклучувањето на член на расистичка, ксенофобна администрација во лесни шеги е помрачување на длабочината на штетата што тие ја прават."
- Дејли бист
Тука критиката е околу карактерот и моралот на Спајсер, односно недостаток на истите што тој го покажал кога одлучил да ја исмева администрацијата на Трамп кратко откако си заминува од таму.
"Шон Спајсер отворено ја лажеше американската јавност, учествуваше во блокирање на слободните медиуми, и потоа ги собра рамениците и во своја одбрана повторуваше 'шефот ме натера'. Не е благодарно да го местиш шефот сега кога тој товар ти е тргнат од раменици и без срамот од немање кичма. Ова открива човек кој има уште помалку карактер отколку што мислевме до сега, повторно докажувајќи дека кога се во прашање членовите на оваа администрација, не постојат премногу ниски стандарди."
- Сиенен
Глобалната новинска мрежа верува дека Спајсер, дури и да не е платен за настапот, ќе профитира од истиот со тоа што сега му е порасната цената за држење говори и има посилна позиција во преговорите за плата за идното работно место.
- Њујорк тајмс
Потсетувајќи дека Колбер успеа да го врати рејтингот на своето шоу исклучиво благодарејќи на појавата на Трамп и безмилосните критики кон него, весникот смета дека водителот на Еми комплетно го поништил сето она што го збореше овие неколку месеци.
"На Еми, Колбер беше соучесник во обновата на имиџот на Спајсер и веројатно ја покачи цената на Спајсер со тоа што му дозволи да демонстрира колку тој може да биде самокритичен."
- Холивуд репортер
И покрај целиот гнев што се случува низ медиумите и на Твитер, Холивуд репортер од лице место опишува една поинаква слика во која Спајсер е "главен" во бекстејџот на Еми, каде ѕвездите и придружните ВИП личности се редат да се фотографираат со довчерашниот портпарол на Трамп.
"Тој доби херојски пречек... Имаш прегрнувања и ракувања во лобито на салата каде Холивуд репортер го забележа уште пред 19 часот, држејќи големо пиво и позирајќи за слики со секој што побара да се слика - и секој што можеше да се пробие низ толпата добронамерници што се собраа околу него. Една жена, публицист, се фалеше дека разговарала неколку секунди со него. 'Тој се чувствуваше како ѕвезда, и уживаше во тоа,' изјави таа."
Еве ги 20-те секунди на Спајсер: