#TикTак

На повидок се темпирани вакцини

Научници нашле начин како на едно дете сите потребни вакцини да му се вбризгаат со само една инјекција. Па после делови од тој коктел си се ослободуваат во организмот кога ќе им дојде време. Напредоков некогаш стварно звучи по малку језиво.

Цело едно (нормално) детство поминува со куп вакцини кое детето го прима, од првите бебешки денови, па градинка, па второ, па деветто одделение... Тие ивенти знаат да бидат страсни и за децата и за родителите, за првиве ако е со инјекција а не со лажиче, за вториве ако им е шубе од сето тоа. 

Истражувачи од МИТ усовршиле технологија како сите потребни вакцини да бидат дадени со една „Аll in one“ вакцина, со микроскопски капсули кои потоа се ослободуваат во телото во предвидениот тајминг за вакцинирање.

Прават некакви силиконски топчиња, ги полнат со честички од вакцината и тие остануваат капсулирани во телото сè додека на конкретната вакцина не ѝ дојде времето да го разбие оклопот и да му се придружи на организмот. Материјалот веќе е одобрен за употреба на луѓе па се очекува од глувци тестирањата набрзо да се префрлат на човечки примероци.

22 септември 2017 - 09:06