таг: мит

Социјалните мрежи не го убиваат детството, туку прават детето да не може да порасне

Спротивно oд предвидувањата, интернет не го уништи детството. Наместо тоа децата и адолесцентите денес се повидливи од кога и да е. За прв пат во историјата тие имаат широк пристап до технологии кои им се потребни да си ги конструираат и контролираат животите онлајн. Оттаму, потенцијалната опасност веќе не е исчезнувањето на детството, туку ризикот децата никогаш да не сакаат (и да не можат) да пораснат. Повеќе

Вистината нема шанси со лагата
Ве молиме да не ширите:

Наспроти нашата пуста верба дека „на лагата ѝ се кратки нозете“, Џонатан Свифт на времето напиша „Лагата лета а Вистината доаѓа после неа и се тетерави“. За жал, она што пред три века била само хипербола, денеска е прецизен опис на функционирањето на социјалните мрежи. Повеќе

На повидок се темпирани вакцини
#TикTак

Научници нашле начин како на едно дете сите потребни вакцини да му се вбризгаат со само една инјекција. Па после делови од тој коктел си се ослободуваат во организмот кога ќе им дојде време. Напредоков некогаш стварно звучи по малку језиво. Повеќе

Универзитет кој дава пари за кршење на правилата

Звучи премногу добро да би било вистинито, ама е. Универзитет од самиот врв на американското образование, бостонскиот МИТ, понуди мрсна награда во кеш за поединец или група кои ќе ги прекршат правилата. Спојлер за сите што одма видоа лесни пари - има еден трик тука.   Повеќе

МИТ сака сите да ги претвори во земјоделци

Компјутерот за храна е производ на МИТ, кој го создаваат по комплетниот крах на јапонското земјоделство предизвикан од цунамито и нуклеарната катастрофа во Фукушима, инаку главниот земјоделски регион во земјата. Сега од МИТ сакаат секој сам да го направи компјутерот и да се зафати со земјоделство. Повеќе

Што е тоа што една фотографија ја прави незаборавна?

Како може фотограф да направи фотка за која ќе биде сигурен дека ќе биде впечатлива? Зналците знаат а на оние кои допрва почнуваат, науката им препорачува да ја баталат природата, без разлика дали е тоа планина, езеро, водопад или факинг еделвајз. Повеќе

Деконструкција на Магна карта

Деновиве навршија 800 години откако Магна карта доби штембиљ. Документот има речиси митско значење во англо-американскиот правен систем. А каде има мит, има и потреба од деконструкција на истиот. Повеќе

Како група студенти ги победија казината

Секое правило има исклучок. Вклучително и она дека "во коцкање секогаш победуваат казината." Ова е приказна за Блек Џек екипата од угледниот универзитет МИТ. Повеќе

Koлку зборови за снег навистина имаат Ескимите?
За еден лингвистички мит

Сигурно сте го чуле оној муабет за тоа дека народите од далечниот север имаат необично голем број на зборови за снег, кој поинаку се вика ако паѓа, ако е веќе паднат, или ако не е исчистен од пред иглуто на комшијата. Но ова клише изгледа е само тоа - популарен лингвистички мит кој нема основа во реалноста. Повеќе