Инспирирани од сознанието дека не можеш да го менуваш светот ако го правиш само она што ќе ти го кажат да го правиш, МИТ и нивниот Медиа-Лаб понудија 250.000 долари за оние кои ќе ги прекршат правилата.
"Идејата дојде од сфаќањето дека околу нас постои широко распространета фрустрација како ефикасно да негуваме одговорна етичка непослушност, предизвикувајќи ги нашите норми, правила и закони за добро на општеството“, велат од Универзитетот.
Потсетуваат дека никој не добил Нобелова награда затоа што се држел до постоечките шеми и концепти и алудираат на вредностите кои ги носеле ликови како Мартин Лутер Кинг, Галилео или активистистите од Бангладеш кои се борат за ЛГБТ права.
Е сега трикот. За кршење на правилата не се важи ако се помочаш во грмушка во универзитетскиот двор или ишкрташ ѕид „Трамп педер, напред Берни“. Никој не дава 250.000 долари туку така.
Правилото за натпреварот чиј победник ќе биде познат во јули е едноставно и гласи:
„Учесникот мора да преземе личен ризик за да предизвика позитивен ефект за подобро општество“.
Кога ќе уплаќате ливче, играјте го Јуве :)