Таг: етика

ChatGPT е застрашувачки добар

За да стигнат до 1 милион корисници, на Нетфликс му требаа 40+ месеци, на Твитер 24 месеци, на Фејсбук 10  а на Инстаграм 3 месеци. Истата цел, соговорникот со вештачка интелигенција ја постигна за само 6 дена. Само не го прашувајте како да се среди тероризмот. 

Опасна медицина: приказната зад експерименти врз луѓе со жолтица

Нова студија на поствоено истражување во САД, кога стотици луѓе намерно биле заразувани со жолтица, е шокантно но и значајно за ерата на ковид. Траело цели триесет години, а вклучувало припадници на стигматизирани групи - затвореници, ментално болни и оние кои не сакале да одат во војска. 

Дали осуден за поседување детска порнографија смее да објавува поезија?

„Секој од нас е повеќе од најлошото нешто што го сторил“, е изрека со која се поддржуваат напорите за рехабилитација на осудени и за најтешки дела. Но кои се границите на ова великодушно пренебрегнување на криминалното минато на затвореникот, а поради напорот тој сепак да биде третиран како човек?

Експедицијата Балмис: бродот со сирачиња кој ја пренел вакцината за големи сипаници во Новиот свет

Нашиот текст за „бележењето“ од сипаници кое го вршел Коста Цепенков предизвика бројни реакции и коментари. Сепак, за нас најинтересен беше податокот кој го дознавме од проф. д-р Никола Пановски, за случај кој за чудо е недоволно познат во историјата на медицината - пренесувањето на вакцината од Европа во шпанските колонии преку жив човечки синџир на почетокот на 19 век.

Осуден за соучесништво во атентат поради Хипократовата заклетва

Доктор Семјуел Мaд (Samuel Mudd) поради лекарска етика е осуден за соучесништво во атентатот на Линколн. Но на истиот начин се изборил за слобода неколку години подоцна.

„Фаворитизам“ или кога љубезноста кон едни значи дискриминација кон други

Кога ќе направиме нешто добро за човек кого го знаеме, ретко помислуваме на сите оние луѓе на кои истовремено не сме им помогнале, а уште помалку на оние кои страдале како резултат на нашата првична помош. Дали фаворитизмот е всушност зло?

Нобеловката што си ја повлече статијата

Американската научничка Франсис Арнолд, која ја подели Нобеловата награда за хемија во 2018 со уште двајца истражувачи, на своја иницијатива си ја повлече најновата научна статија. Причина: повтореното истражување не ги дало истите резултати.

Етичарите не се ништо поетични од нас

Може на сите ѕвона да ни кажуваат како треба, но самите не се баш модели за однесување. Или што би се рекло народски - „не го слушај попот што зборува, туку гледај што прави“.

„Последната прегратка на Мама“: емотивниот живот на животните

Oбично со „животно“ опишуваме човек без емпатија, кој е насилен, суров и без емоција. Можеби би требало да го ревидираме овој стереотип, имајќи ги предвид доказите дека дури и еден стаорец може да има повеќе чувства од некои луѓе. 

Повик за повлекување на 400 научни статии заради неетичко користење органи од кинески затвореници

Студија спроведена од австралиски истражувачи повикува на масовно повлекување на повеќе од 400 научни трудови поврзани со трансплантанција на органи. Причина: сите органи врз основа на кои биле правени трудовите биле неетички добиени од кинески политички затвореници

Верување без доказ не е само глупо туку и морално погрешно

Вилијам Кингдон Клифорд не спаѓа во пантеонот на големите филозофи - можеби затоа што починал на само 33 години. Но иако живеел во 19 век, неговите идеи се пророчки за нашиот.

Новинарката што стана касап

Дали е можно етички да се убиваат животни и да се јаде нивното месо? Ова е прашањето кое една новинарка се обидела да го одговори работејќи како касапски чирак на мала семејна фарма и кланица во Франција. Потоа напишала и книга.

Eтиката на правењето филм инспириран од спасувачката акција во Тајланд

Во приказната за 12-те момчиња и нивниот нивниот тренер има сè што може да посака еден блокбастер: неизвесност, акција, херојство, среќен крај. Но по првичните муабети дека Американци се подготвуваат да ја адаптираат, Тајланѓаните велат дека нема да дозволат нејзино „обелување“.

„Проектот Ним“ (2011)

Документарец кој го следи животот и делото на шимпанзо по име Ним Чимпски, кој заради научен проект е растен како човечко дете. На крајот од мачната приказна излегува дека таа е повеќе за луѓето околу него, кои се вистинските „мајмуни“.

Универзитет кој дава пари за кршење на правилата

Звучи премногу добро да би било вистинито, ама е. Универзитет од самиот врв на американското образование, бостонскиот МИТ, понуди мрсна награда во кеш за поединец или група кои ќе ги прекршат правилата. Спојлер за сите што одма видоа лесни пари - има еден трик тука.  

Дали е подобро да победиш искушение или никогаш да не го почувствуваш?

Од невини престапи како да каснеш падобранец сред диета, до поголеми кои вклучуваат измами, секс или пари. Најчесто им одолеваме, особено на поголемите. Но кој е подобра личност: оној кој постапува морално додека е искушуван, или оној кој никогаш не доаѓа во таква ситуација?

Биди кул, биди стоик

Стрес, преработеност, недостаток на социјализација во време на прекумерно користење социјални мрежи, постојана изложеност на лоши вести - сето ова го живеевме и допрва ќе го живееме. Една древна филозофска школа нуди безвременски и универзални решенија за секакви маки, па и за овие.

Контроверзите околу интервјуто на Шон Пен со Ел Чапо

Професионалните новинари скандализирани од „глумењето" новинар на холивудскиот глумец, кој според нив погазил куп етички принципи во портретирањето на нарко-босот. A да не се они малку љубоморни?

Не е етички да не се користи генетски инженеринг

Кога ќе слушнам разговор за етички проблем јас очекувам дека во моментот луѓето ќе превртат се наопаку и ќе завршат со здрав разум. Повикување на етиката отсекогаш било оружје на конзерватизмот, и последна надеж на имбецилството.

Оние кои заминуваат од Омелас

Дали би се согласиле да живеете во совршена среќа, знаејќи дека таа зависи од страдањето на едно дете? Овој антологиски расказ на Ле Гвин вели - има луѓе кои го прават тоа без грижа на совест. Има такви кои се јадат од внатре, но сепак не преземаат ништо. Трети го бираат патот по кој поретко се оди. 

Дали моралот има пол?

Наоѓаш временска машина и патуваш во 1920. Еден млад австриски уметник, Адолф Хитлер, престојува во хотелската соба до твојата. Вратата не е заклучена, лесно можеш да влезеш и да го убиеш. Така не би имало Втора светска војна и би спречил други убиства, на милиони луѓе. Ама, Адолф уште ништо нема направено за да го заслужи ваквиот крај. Дали е морално оправдано да биде убиен?

Дали мислењето на странски јазик влијае врз моралните ставови?

Дали би убиле еден човек за да спасите петмина? Would you kill one person to save five? Психолозите велат дека одговорот на ова прашање може да зависи од тоа на кој јазик ви е поставено. 

Ирокезите не се предаваат

И покрај исцрпувачките судски порази, Ирокезите порачуваат дека нема да се откажат од своите битки. Заради децата. И благодарејќи на тоа што во нивниот кодекс, кога носи одлука, поглавицата треба да мисли на следните седум генерации.