Како функционира? На почетокот има некои идеи, ама на креј секогаш е "не". Човекот кој зборува во име на етиката или биоетиката секогаш е против прогресот затоа што тој или таа го базираат нивното мислење на нивните сопствени претпоставки. Што ако ГМО храната исползи од бавчите и не' изеде живи? Што ако има нееднаквост кога некој ќе употреби генетски инженеринг на своите деца, а други нема? Ајде да ги затвориме училиштата и универзитетите - главниот извор на нееднаквост. Што ако некои добијат образование а други не?
Токму ова е позицијата што Елон Маск ја застапува стравувајќи од напредоците во генетскиот инженеринг. Пред се, и онака веќе има премногу нееднаквост. И ова е наметнато од социјалниот систем, ограничените ресурси и генетската разноликост. Пред се, зошто би требало да се стремиме кон тотална еднаквост? Уште поконкретно, зошто вагата на еднаквоста треба да биде базирана на ниско интелектуално ниво? Колку може да биде лош свет во кој најголемиот дел од луѓето се научници? Колку може да биде лош свет во кој луѓето живеат илјадници годни и ја истражуваат длабоката вселена? Токму генетскиот инженеринг е она што ни ги дава овие можности. Од етичка гледна точка работите се спротивни. Нивното одбивање на самата можност да им се помогне на луѓето е ужасно дело. Ајде да не го подобруваме човекот, бидејќи ако го направиме тоа овој човек ќе стане подобар отколку сите други? Ајде да го третираме овој човек, бидејќи ако го направиме тоа тој можеби ќе живее подолго од сите други? Нели е ова комплетна глупост?
Има уште еден аспект од генетскиот инженеринг - луѓето постојано зборуваат за унапредување на своите деца, меѓутоа генетскиот инженеринг пред се и најмногу им дава шанса за подобрување на луѓето кои веќе се живи. Генетските терапии веќе постојат и би било прекрасно ако успееме да го доживееме моментот кога тие ќе можат повеќекратно да го подобрат нашето здравје и интелект. Очигледно е дека овие технологии мора да бидат безбедни. Па, ако можеме да му помогнеме на дете или на возрасен, ајде тоа веднаш да го направиме. Ова е вистинската етичка позиција.
Ќе си дозволам на себе да шпекулирам и дека генетскиот инженеринг е најбрзиот пат до вештачка интелигенција. Мнозинството мисли дека вештачката интелигенција ќе се издигне од компјутерите, меѓутоа јас мислам дека можеби е полесно да се одгледа супермозок и тој да се тренира. И да, со помош од генетски инженеринг.