Четири децении по Втората светска војна, научници и доктори од САД спроведувале истражувачка програма која истовремено била и многу амбициозна и затрашувачки неетичка. Тие намерно инфицирале повеќе од 1000 луѓе, од кои најмалку 100 деца, со хепатитис, болест која може да поттикне хронично заболување на џигерот и рак.
Малкумина од оние кои биле подвргнати на експериментот знаеле за што станува збор. Најголемиот број биле сиромашни, необразовани, и биле земани од затвори, психијатриски болници и сиропиталишта. Исто така, голем број од нив биле црни.
Авторка на книгата која излезе овој месец, Сиднеј А. Халперн, изјавила дека не ѝ е познато ниту едно друго истражување на заразни болести кое вклучувало толку голем опсег на стигматизирани групи. Освен затвореници, тука спаѓале и луѓе кои давале отпор на регрутирањето во војска, како и возрасни и деца со интелектуална попреченост. Најголема енигма е како едно вакво истражување успеало да се одвива толку долго, од 1942-1972, цели три децении.
Иако Халперн се обидува да дојде до рационални одговори, на крајот мотивите на научниците и нивните морални ставови кон целата работа не се баш јасни. Нацијата изгледа овозможила создавање воено-биомедицинска елита која одлучила дека треба да ја контролира болеста и да ја заштити нацијата, а ова било оправдување на сето останато. Што е уште полошо, тие главно биле поддржувани од медиумите, кои додуша дозирано известувале за проектите.
Хепатитот се карактеризира со воспалување на џигерот, пожолтување, треска и малаксаност и од она што денес го знаеме е предизвикан од три различни вирусни варијанти: А, Б и Ц.
Спомнувањето на интересот на војската во истражување на болеста се должи на голем бран на жолтица во 1942 помеѓу американските војници. Ова било последица на контаминирана серија вакцини за жолта треска, чиј серум бил добиен од носители на хепатит. Научниците се одлучиле да го искористат истите вакцини за заразување на „субјектите“.
Но тоа не е сè. Учесниците во некои периоди биле терани директно да голтаат примероци од заразен материјал, меѓу кои и милк-шејкови направени од инфициран човечк измет помешан во чоколадното млеко. Колкумина починале како директен резултат на американската програма за хепатит не е јасно, а крајот на програмата се должел на активизмот од 1960-тите. Индиректно, кампањите против војната во Виетнам и правата на малцинствата довеле до тоа помладите доктори да почнат да ја стават под прашање целисходноста на програмата, која конечно завршила во 1972.