Арнолд, професорка по хемиско инженерство и биохемија на Калифорнискиот институт по технологија, на 2 јануари објави вест на својот твитер профил:
„Многу сум вознемирена, но моравме да го повлечеме текстот од минатата година во врска со ензимската синтеза на бета-лактами. Резултатите не можеа да се репродуцираат. Тешко ми е да го признаам ова, но истовремено го сметам за многу важно. Им се извинувам на сите. Кога го поднесовме текстот за објавување бев малку зафатена и не си ја завршив добро работата“
It is painful to admit, but important to do so. I apologize to all. I was a bit busy when this was submitted, and did not do my job well. https://t.co/gJDU0pzlN8
— Frances Arnold (@francesarnold) January 2, 2020
Подоцна било откриено дека во лабораториската тетратка недостасуваат податоци за извршени експерименти и податоци за клучните фази од истражувањето. Ова е најнов пример на кризата во репродуцирањето на истражувања од различни области во светската наука, за која во 2018 низ серија текстови пишуваше и списанието Нејчр
Сепак, голем број колеги на Арнолд ја пофалија нејзината искреност и чесност во објавувањето на веста, нешто што многумина никогаш не би го направиле, па точно и да се свесни дека во нивните истражувања има некаква грешка или недоследност. Пред да се закити со Нобеловата, Арнолд ја има добиено Милениумската технолошка награда во износ од 1 милион евра, а членува и во бордот на директори на компанија поврзана со Гугл, Алфабет.