Еден од продуцентите кои се во првичните фази на адаптација на приказната e Пјур Фликс, „фејт бејзд“ компанија од Скотсдејл, Аризона, која промовира христијански содржини кои се соодветни за целото семејство. Извршниот директор на оваа компанија, чија сопруга е од Тајланд, во видео од самото место на спасувањето ги најавил своите намери и изјавил дека „ова би бил филм којшто би инспирирал милиони луѓе низ светот“.
Но на Твитер веќе осамнаа зафрканции околу ангажирањето бели актери на местото на реалните ликови, или, уште поверојатно, фокусирање на приказната на странските нуркачи кои учествуваа во спасувањето, што повторно би ја имплицирало старата шема на „бел спасувач во утепана земја“.
RIGHT NOW IN HOLLYWOOD: dozens of Thai cave rescue movie treatments are being worked up in which the hero is a rugged US Navy Seal, looking for redemption from a cave rescue under fire in Afghanistan gone wrong... rather, than say, a bunch of dogged, smart people from Thailand.
— Jay Rayner (@jayrayner1) July 10, 2018
Looking forward to Scarlett Johansson playing the role of the football coach in the movie of the Thai cave rescue
— Tony Haile (@arctictony) July 11, 2018
Самите Тајланѓани пак сметаат дека би било најдобро тоа да биде нивна, домашна продукција, и притоа да се мисли на компензација на вистинските учесници во настанот, на пример за понатамошно образование на момчињата, или за семејството на Саман Кунан, погинатиот спасувач.
Во меѓувреме втора американска продукциска куќа го ангажираше Џон М. Чу, Американец со азиско потекло, најпознат по актуелната комедија „Луди богати Азијци“ како можен режисер на верзија која (наводно) нема да се обиде да ги „обелува“ ликовите и сижеата. Барем така се колне самиот режисер на Твитер.
I refuse to let Hollywood #whitewashout the Thai Cave rescue story! No way. Not on our watch. That won’t happen or we’ll give them hell. There’s a beautiful story abt human beings saving other human beings. So anyone thinking abt the story better approach it right & respectfully.
— Jon M. Chu (@jonmchu) July 11, 2018
И сето ова додека децата се уште во болница...