
Ердоган имаше закажано говор во Мериот во Њујорк, во организација на турско-американски комитет. На сред говор, неименуван маж му се уфрла на турскиот претседател извикувајќи: "Ти си терорист. Излегувај од мојата држава."
Кратко по ова се прави гужва, а голем дел од публиката почнува да го извикува името на Ердоган за да ги задуши извиците од демонстрантите. Додека присутните навиваат за турскиот претседател, обезбедувањето и дел од публиката физички се пресметуваат со демонстрантите кои постепено се извадени од салата.
Целиот инцидент трае неколку минути.